Влегол дома и пукал - хорор за мајка од Скопје

 

Мерка притвор од 30 дена му е изречена на скопјанецот Ж.В.(21) поради предизвикување општа опасност, загрозување на сигурноста, неовластено пуштање во промет наркотични дроги и неовластено држење оружје.

Ж.В. кој бил девијантен уште како малолетник за што во периодот 2009/2014 година му се поднесени пет прекршочни пријави од Законот за оружје  и две за нарушување на јавниот ред и мир, најчесто насилнички се однесувал кон мајка му со која живеел. Тоа кулминирало во вторникот околу 21 часот, во неговиот семеен дом, кога без никаков повод и причина, од пиштол кој го поседувал и носел без одобрение, испукал еден проектил во вратата од дневната соба, каде седел заедно со мајка му и неговата девојка.  Мајката исплашена од тоа што се случило, но и сакајќи да го заштити синот, случајот не го пријавила во полиција, а со него се договорила наредниот ден да одат во Клиничкиот центар, каде од страна на психијатар ќе му биде пружена стручна медицинска помош.

Наредниот ден Ж.В. и мајка му околу 8 часот заминале во Клинички центар, но кога пристигнале пред Клиниката за психијатрија, тој извадил пиштол, го вперил кон мајка му, заканувајќи и се дека ќе ја убие, по што се дал во бегство. Мајката го пријавила случајот во полициска станица и набрзо потоа е пронајден и лишен од слобода.При личниот преглед во појасот му се пронајдени два пиштола непозната марка.

 

08.11.2014 - 14:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега