Проверете дали ќе останете денеска без вода

Поради дефект на водоводна мрежа профил ф-100 милиметри на улица Козле бр.94, без водоснабдување ќе останат корисниците од бр.94 до бр.120 висока зона од истоимената улица од 10:00 часот па се до санирање на дефектот, информираат од ЈП „Водовод и канализација“.

Исто така, поради дефект на водоводна мрежа на булевар Видое Смилевски Бато бр.16/2, без водоснабдување ќе останат корисниците од четирите згради од истоимениот булевар од 10:00 часот па се до санирање на дефектот.

10.11.2014 - 10:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега