ОУ "Кузман Шапкарев" со целосно нова електрична инсталација

 

Во Основното училиште „Кузман Шапкарев“ во населба Драчево заврши поставувањето нова електрична инсталација во левото крило од училишната зграда. 

Како што информираат од општина Кисела Вода, новата електрична инсталација и електро оперма е дел од потпишаниот Меморандум со УСАИД преку проектот за меѓуетничка интеграција во образованието.

Изведувач на работите е фирмата „Макотерм“ - Скопје која беше избрана на тендер од страна на УСАИД. 

Вредноста на проектот е 1.356.000 денари од кои УСАИД обезбеди 1.200.000 денари, а Општината дополнително уечствуваше со 10 проценти од сумата. 

 

10.11.2014 - 12:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега