Полицијата упадна во тетовско Жеровјане

Полициски службеници од СВР Тетово извршиле преглед во угостителските објекти „Ориентал Ас“ и „Ловец“ во Жеровјане при што во првиот биле легитимирани и прегледани седум лица како и четири странски државјанки од Србија и Хрватска.

Во вториот угостителски објект кај гостинот Г.И.(34) од Пирок пронајдено е  најлонско пакување со непозната бела прашкаста материја, завиткана во банкнота од пет евра. Исто така во „Ловец“ затекнат е и Б.А.(35) од Градец, по кого била распишана потрага. И двајцата се приведени и задржани, а Б.А денеска ќе биде предаден на Основен суд Скопје 1.

10.11.2014 - 12:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега