СДСМ се повеќе го копира и политичкиот противник ВМРО-ДПМНЕ
СДСМ не може да се справи со безидејноста која владее во нивните редови веќе подолго време. Последно во серијата копирања која ја прават во СДСМ е мотото кое само вчера го промовираа во два наврати “Секоја генерација има своја битка“.
СДСМ во текот на вчерашниот ден ја промовираше својата нова парола „ Секоја генерација има своја битка“ која ќе ја користи во текот на маршовите што ги организира во градовите низ Македонија. Истата парола беше користена од страна на ВМРО-ДПМНЕ пред неколку години, а Никола Груевски јавно ја кажа во 2010 година, на прославата на 20 години од основањето на ВМРО- ДПМНЕ.
Говор на Никола Грувески на прославата за 20 години од сновањето на ВМРО ДПМНЕ во 2010 година
Во текот на вчерашниот ден генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски во два наврати го промовираше овој слоган и тоа на маршот во Куманово и на прославата на роденденот на партискиот подмладок СДММ.
Обраќање на Оливер Спасовски на прославата на роденденот на СДММ - 2014 година
СДСМ ова последно копирање на политичкиот противник, го прави само недела дена по промовирањето на серијата трибини која ќе ја реализираат и која повторно наликува на традиционалните трибини и средби со граѓани кои ВМРО-ДПМНЕ ги организира со години наназад низ сите градови во Македонија.
Исто така ова не е прв пат СДСМ да украде туѓо мото или лого во партиски цели. СДСМ кога го ребрендираше своето знаме го искористи симболот на Работничката партија на Холандија, а во текот на изборите во 2013 година СДСМ користеше постери кои беа инспирирани од комунистичката иконографија.
Во текот, пак на, кампањата во 2008 година СДСМ беше предводник на коалицијата Сонце. Тогаш го украдоа логото на фирмата DOLE, најголемиот извозник на банани во светот.
Во СДСМ очигледно веќе подолг период владее оваа безидејност, но врвот на летаргичноста го постигнаа со користењето на мотото на нивниот политички ривал Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа