Нови детали за тројното убиство во Кавадарци

Полицијата се уште трага по 40-годишниот Тони С. кој е осомничен за тројното убиство кое вчера попладнето го потресе Кавадарци.

Според новите детали убиените Илија (61), 56 годишната Билјана и нивнта 33 годишна ќерка Снежана се застрелани со пиштол кој осомничениот го поседувал со дозвола.

-Истрагата покажа дека во семејниот дом се застрелани со огнено оружје, пиштол калибар 9 мм, со по еден истрел во пределот на телото, маж, жена и нивната ќерка. Подигнати се чаурите од лице место, подигнати се и траги кои се испратени во криминалистичката лабораторија во МВР, вели портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска.

Тони во минатото бил пријавуван за семејно насилство од страна на сопругата, ќерка и сестра на убиените. Стојковска вели дека по пријавите полицијата постапила и против него е поднесена кривична пријава за нанесување телесна повреда.

Имено, Тони и Данче се развеле во петокот, само два дена пред грозоморното убиство, а се родители на две малолетни деца на возраст од 7 и 9 години.

10.11.2014 - 16:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега