Проверете дали утре ќе останете без струја

Без електрична енергија утре од 8.30 до 15 часот ќе останат корисниците од село Долно Соње, улица број 7. (општина Сопиште), соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЕВН Македонија а.д.. 

Струја ќе немаат ни корисниците од улиците: Петар Манџуков, Бутелска, Никола Канински, Марко Крале, Пребондова и Мостарска (општина Бутел) од 8.30 до 14.30 часот, како и дел од корисниците од Долно Коњари, Алем Компани, Средно и Горно Коњари, Дивље, село Живиње и село Сушица (општина Петровец) од 8.30 до 16 часот.

 

Прекин во електричната енергија во периодот од 9 до 15 часот е најавено и за корисниците од улиците бр.1, 2, 3, 4 и 5 во село Грчец (општина Сарај) и корисниците од бул. Митрополит Теодосиј Гологанов од број 160 до број 186, како и корисниците од улиците Миле Поп Јорданов и Џумајска од број 26 до број 50. (општина Карпош) и дел од ул. Пролетерска, дел од ул. Радушка, и делот околу новиот кружен тек. (општина Ѓорче Петров - Карпош).

Струја ќе немаат и корисниците од село Батинци, населба Љубош (општина Студеничани)  од 9 до 12  часот и од 9 до 13 часот - дел од корисниците на улиците: Брадфорска, Копачка, Илија Плавев, Милан Марковиќ, Миле Поп Јорданов и Козле во општина Карпош.

10.11.2014 - 18:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега