Активности на Општина Кисела Вода за 70 години слободно Скопје

Општина Кисела Вода се приклучи во одбележувањето на 70 годишнината од ослободувањето на Скопје. Во организација на општинскиот Сектор за образование, предучилишно воспитување, култура и спорт, денеска, во паркот „Македонија“, се одржа ликовно-музичко-спортски собир  на кој учествуваа ученици од сите основни училишта и јавни детски градинки на територијата на општината и ПОУ „Др.Златен Сремац” и ДУРДМОВ „Димитар Влахов”.

Со спортски активности со натпреварувачки карактер, настанот го отворија децата од градинките „Весели цветови" и „8 Март"". По нив следуваше настапот на учениците од ПОУ „Димитар Влахов"", со својата музичка изведба на хармоники, додека учениците од ПОУ „Др Златен Сремац" имаа штандови со сопствени ракотворби. Централното случување беше перформансот „Времеплов", преку кој основците од сите училишта од општината низ музика, кореографија и костими ги одбележуваа различните декади во периодот од ослобудувањето на Скопје, па се до денес.

Своето видување на минатото, учениците го прикажаа и преку нивните ликовни творби на тема „70 години слободно Скопје“, кои беа изложени во паркот Македонија, а ќе учествуваат и на големата изложба организирана од Град Скопје.

11.11.2014 - 14:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега