Македонец и неговиот малолетен син се борат за живот- трагедија во Мелбурн

Македонецот Ристе Николовски и неговиот син додека се возеле на мотор биле изненадно удрени од позади од жена која управувала џип, објави порталот Фаланга.

-Од самиот судир биле турнати во друг автомобил кој се движел и неможел да ги избегне притоа нанесувајќи им големи повреди на двајцата Македонци. По кратка постапка Ристе Николовски и неговиот дванаесетгодишен син се пренесени во Royal Melbourne Hospital  и како што дознаваме и двајцата се во критична состојба т.е во кома и се борат за живот, објави порталот.

Инаку, Ристе е по потекло од Преспа. Тој пред извесен период отпатувал во Мелбурн, но за жал се случила оваа несреќа.

11.11.2014 - 15:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега