Полицијата демне - пајакот прави „парче"

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно седум сообраќајни незгоди. 

Од нив, пет се со последица материјална штета и две со последица телесна повреда. Во едната со полесни повреди се здобил возач на патничко моторно возило, а во другата со полесни повреди се здобил пешак.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 15 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, 13 возачи кои го управувале возилото со изминат рок на важноста на сообраќајната дозвола, тројца возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај и 18 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или, пак, го користеле мобилниот телефон за време на управување на патничкото моторно возило.

Со помош на специјалното возило „пајак“ од страна на сообраќајната полиција отстранети се 42 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

12.11.2014 - 09:48
Фото: 
сител

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега