Се јави Субрата Рој: Не се откажувам од Македонија

 

Сахара Индија Паривар е во напредна фаза од спроведувањето на своите бизнис планови во Македонија и не постои ни најмал сомнеж за повлекување од кој било од овие проекти, велат од компанијата.

Подготовките за споменикот на Мајка Тереза како и Домот Мајка Тереза во Општина Илинден се веќе комплетирани. Додека пак целосното реновирање на познатиот хотел Славија во Охрид ќе започне после новогодишните празници. Проектите ќе бидат спроведени од тим на врвни изведувачи од Македонија.

Што се однесува на земјоделскиот и проектот за млекарницата, работиме за да дојдеме до прифатливо решение за некои конкретни прашања од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и убедени сме дека ќе бидат разрешени. А во врска со одлуката за банкарската гаранција, наше мислење е дека ќе има негативно влијание врз овој мега проект, кој што е рана фаза на спроведување. Можеме да разбереме зошто Македонската влада се одлучи на овој чекор и подготвени сме за последиците. Ќе ја следиме секоја одлука од Владата и ќе останеме посветени на исполнување на нашите обврски. Ова не е само еден проект на Сахара Индија во земјата, Македонија е главниот фокус за нашите бизниси во странство и затоа сме среќни што сме партнер со земја што се наоѓа во забрзан развој.

Сахара има свои канцеларии во Скопје, Охрид и Штип, локален тим од 30 луѓе, како и тим од експерти од Индија кои се на постојан престој во Македонија со цел спроведување и операционализација на проектите. А за следната фаза е започна процес на ангажирање луѓе. За најдобро и квалитетно доставување на производите и услугите, Групата блиску соработува со широк опсег на македонски компании со цел да ги привлечи како надворешни соработници. Сахара ги вложува сите напори и ќе направи се да ги исполни своите обврски кон Македонија како и својата деловна посветеност на земјата.

Многу е евидентно дека ситуацијата во Индија поврзана со две компании од Сахара Групацијата се одразува врз бизнисите на групата низ целиот свет. Иако Сахара има јасни приоритет дека проектите во Македонија нема да бидат стопирани, се случија работи поради кои проектите беа одложени како резултат на административни бариери или компликации што се појавија заради ситуацијата на терен.

 

Сепак, Сахара Индија Паривар секогаш цврсто останува на своите ветувања. Компанијата има повеќе од 1,2 милиони вработени и повеќе од 20 бизниси низ целиот свет. Секоја компанијата и секој човек поминува низ добри и лоши времиња. Веруваме дека вистината и добрите дела се сојузници кои секогаш ќе го најдат патот до излезот. Ние има стрпливост и време да продолжиме со нашите планови затоа што знаеме дека сме на правата страна од вистината.

12.11.2014 - 12:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега