Охриѓанец два пати изел ќотек во ист ден
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 18-годишните Б.Л. и М.Е. од Охрид. Насилниците на 26 минатиот месец околу 01 часот по полноќ, на улицата „Коста Арбаш“ физички нападнале лице од селото Косел, охридско, а подоцна на улицата „Цар Самоил“, двајцата пријавени го пресретнале истото лице и физички го нападнале, удирајќи го со раце и нозе по телото, при што му нанеле тешка телесна повреда.
12.11.2014 - 12:52
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа