Полицијата влезе во тетовскиот клуб „Бабилон“

 

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи во Тетово ноќеска, еден час по полноќ, извршиле контрола во угостителскиот објект „Бабилон“ во Тетово, при што се затекнати шест странски државјанки, од кои пет од Република Бугарија и една од Република Србија, кои работеле нелегално односно без работна дозвола.

Во „Бабилон“, сопственост на 37-годишниот тетовец А.Б., соопшти денеска МВР, странските државјанки на возраст од 24 до 28 години, се приведени и по кусото задржување, предадени се во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија.

Денеска предпладне шесте девојки беа изведени пред судија за прекршоци на Основниот суд Тетово, кој им изрече парични санкции, потоа забрана за влез во Република Македонија од една година, како и нивно депортирање во матичните земји. 

12.11.2014 - 12:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега