Владата ги намали увозните давачки за одредени земјоделско-индустриски производи

 

Владата на Република Македонија на вчерашната седница го прифати барањето на земјоделските индустриски производители за намалување на увозните давачки, односно царинските даночни стапки за одредени производи.

Со ова се донесени две важни одлуки направени по обемна анализа на пазарот.

Владата на Република Македонија ги укина увозните давачки за индустриска пиперка.

Како што информираше владиниот портпарол, Александар Ѓорѓиев, квотата за извоз на индустриска пиперка изнесува 2.000 тони, а еден увозник смее да земе ¼ од предвиденото, односно 500 тони.

Земјоделските индустриски производители досега плаќаа 50 отсто од овие давачки, а сега ќе плаќаат нула. Оваа одлука важи до крајот на оваа година.

Втората одлука е намалување на царинската стапка за увоз на доматно пире. Оваа владина одлука ќе важи до 30.06.2015 година.

Досега увозниците плаќаа 50 отсто од давачките, а сега ќе плаќаат 25 отсто.

Еден увозник може да внесе 125 тони, што е ¼ од вкупно предвидените 500 тони.

За двете одлуки ќе важи принципот прв дојден, прв услужен.

12.11.2014 - 13:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега