„Врие" од туристи во Македонија
Бројот на туристи во Македонија во септември годинава изнесувал 66.033 и во однос на септември лани е зголемен за 3,5 отсто. Регистрирани се 156.554 ноќевања, на исто ниво како во септември минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика.
Кај бројот на домашните туристи во септември годинава споредено со септември минатата година има намалување за еден процент, а кај странските зголемување за 5,1 отсто. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во септември годинава во однос на септември 2013 година, е зголемен за 0,7 проценти, а на ноќевањата на странските туристи е намален за 0,3 проценти.
Од вкупниот број 49.213 странски туристи најмногу 6.151 биле од Турција, од Србија 5.010, Холандија 4.567, Грција 3.157, Полска 3.133, Бугарија 2.597, Германија 2.118, САД 1.530, Хрватска 1.390...
Во периодот јануари-септември годинава во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 5,6 проценти, кај домашните туристи има зголемување за 2,1 отсто, а кај странските за 8,4 отсто. Бројот на ноќевањата е зголемен за 1,9 отсто, при што кај домашните туристи има намалување за 0,8 проценти, а кај странските има зголемување за 6,3 отсто, говорат податоците на Статистика.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа