Утврден идентитетот на скопскиот бизнисмен што беше најден мртов на Стража
Ивица Антевски најверојатно е човекот кој вчера беше најден во провалијата на магистралниот пат Гостивар – Кичево. 39 годишниот скопјанец од населба Аеродром пред точно една недела беше пријавен за исчезнат.
Постои сомнеж дека се работи за сообраќајна несреќа, поради необезбеденоста на патот и видните оштетувања на автомобилот.
Телото по наредба на јавен обвинител вчера откако беше извлечено од тешко пристапниот терен е предадено за обдукција, но сеуште не се знае колку време лежело во бездната.
Вчера беше пронајдено во состојба на распаѓање.
Случајот го пријавија вработени во Македонија пат, вчера околу 10 часот. При увидот на полициските службеници и јавниот обвинител беше пронајдена само патна исправа која припаѓала на 39 годишникот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа