Убиецот од Кавадарци: Не ми давајте притвор - јас не сум опасен
Не преставувам опасност по околината, не ми одредувајте мерка притвор, барал од судијата во претходна постапка на велешкиот суд осомничениот за трократното убиство во Кавадарци, објави Канал 5.
На четириесет годишниот Тони Станоев барањето не му беше прифатено. По два часа откако полицијата го донесе во судот и му беше одреден бранител по службена должност тој заврши на издржување 30-сет дневен притвор во затворот во Шутка. Против него е поднесена кривична пријава за три кривични дела, убиство.
Осомничениот Станоев беше уапсен вчера околу 11.30 часот на градските гробишта во Кавадарци во акција што полицијата ја презеде откако го бараше на повеќе локации во градот. Веднаш го лоцирале како се крие меѓу гробните парцели. На полициската наредба да застане, Станоев, извадил пиштол и се дал во бегстство.
Потоа се случила бркотница во која полицијата испукала предупредувачки куршуми во воздух. Станоев во еден момент бегал низ околните улици но се предомислил и пак втрчал во гробиштата. Потоа бил обиколен и по кратко убедување го спуштил пиштолот по што бил лишен од слобода. Осомничениот за трократното убиство ,во изминатите 24 часа беше задржан во полициската станица во Кавадарци. Полицијата со него обавила разговор.
Според полицијата Станоев претходно бил пријавуван за кривичните дела насилство, нанесување телесна повреда и одземање малолетник. Овие пријави му биле поднесени пред 9 ноември кога се случи трикратното убиство во семејната куќа на Леови во Кавадарци. Тој е осомничен за убиството на 61 Илија, 56 годишната Билјана и 33 годишната Снежана, Леови, родители и сестра, на неговата поранешна сопруга Данче.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа