Заев: Мора внимателно со „бомбата“
Не случајно најавуваме аргументи и докази со кои ќе може да се стопира диктатурата и автократското владеење и дивеење на власта на Груевски. Тоа го правиме за да го подготвиме народот, да најавиме дека доаѓа многу важен период за Македонија,потенцираше лидерот на СДСМ Зоран Заев, на вечерашната трибина на опозицијата во Крива Паланка, пренесе Дневник.
- „Бомбите“ на Заев, како што деновиве се зборува во јавноста, се аргументи и докази што се сублимат на опсежна анализа на многу структури на опозицијата. Но, тоа мора да го направиме на највнимателен начин за доброто на граѓаните и да не биде на штета на државата. Но, истовремено, носиме бреме со присуство на овие докази и аргументи кај нас, за да ја постигнеме конечната цел- добра и демократска иднина на Македонија и слободно изразена волја на граѓаните, подвлече Заев.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа