Приведен сопственик на позната продукциска куќа за скандалот на Скопски Фестивал

 

К.С., сопственик на една продукциска куќа е еден од уапсените јавни личности од македонската естрада кои синоќа по завршувањето на Скопскиот фестивал биле приведени од страна на полицијата, неофицијално од полициски извори дознава НетПрес.

К.С. заедно со уште неколкумина, меѓу кои и малолетници, се товарат дека на организиран начин направиле измама со телевоутингот.

Имено, полицијата на неколку локации спровела акција при што биле запленети 1.000 сим картички.

Колку за потсетување, од еден телефонски број можеше да се гласа само еднаш.

На Скопскиот фестивал се избра годинешниот претставник на Евровизија. Македонија годинава ќе биде претставувана од Даниел Кајмакоски, второто место и припадна на Тамара Тодевска, а третата заврши Еги.

13.11.2014 - 12:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега