Директор од Свети Николе земал пари од учениците и ги трошел за себе
Директор земал пари од учениците и си ги трошел за себе
Полицијата поднесе кривична пријава против М.М.(48) од Свети Николе за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Во текот на 2010 година, пријавениот како директор на СОУ „Кочо Рацин“ во Свети Николе без донесена одлука и без утврдена одговорност за штета им наредил на класните раководители од секој ученик да соберат од 200 до 250 денари за надомест за украдените компјутери и делови за истите.
Потоа, пријавениот од собраните пари за себе присвоил 102.425 денари земајќи ги на рака, а дополнително уплатените 20.950 денари во благајната ги потрошил за плаќање на тековни расходи на училиштето. За да го прикрие делото во истата година склучил договор за јавна набавка и набавувал компјутерска опрема за училиштето и истиот плаќал од сметката на училиштето.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа