Професор претепал 13 годишен ученик во скопско училиште - детето е во болница

 

Професор претепал 13 годишен ученик во училиштето во скопско Студеничани, тврди неговиот чичко во изјава за Сител. Момчето, според информациите со повреди на главата завршило во болница.
Од полицијата за Сител потврдиле дека инцидентот се случил утринава околу 1 часот во основното училиште Наим Фршери.
Од МВР велат дека истрата се уште трае па не е познато во какви околности дошло до овој инцидент.
Повеќе детали се очекуваат утре.

13.11.2014 - 23:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега