Македонското вино се промовира во Шангај

 

Македонското вино по промоцијата во Хонг Конг, деновиве се промовира на саем во Шангај, Кина  на кој се присутни над 1.000 изложувачи од 20 земји од светот и привлекува повеќе од 20.000 увозници и дистрибутери на вино. 

Заедно со останатите вински земји во светот, десет македонски винарии Тиквеш, Сковин, Стоби, Бовин, Езимит, Далвина, Камник, Попов, Имако и Попова Кула организирани преку Здружението „Вина од Македонија“ учествуваат на интернационалниот саем за вино и жестоки пијалоци ProWine China каде здружено се промовираат пред професионалната публика на Шангај - увозници, дистибутери, преставници на ХоРеКА сегментот, вински критичари, новинари и сомелиери.

Учеството на саемот и Националниот павиљон се поддржани од страна на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија преку програмата за поддршка на извозот на македонски производи, во чии рамки се обезбеди финансиска поддршка за простор и штанд од 90 м2 за македонски компании производители на вино.

Саемот се одржува од 12 до 14 ноември 2014.

14.11.2014 - 09:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега