Крадец „оперира“ кај МВР, крши и ограбува автомобили

 

Машко лице крши и ограбува автомобили на улицата „50-та Дивизија“ во близина на Министерството за внатрешни работи.

Попладнево околу 15:30 часот Т.И. во полиција пријавил дека неговиот автомобил „Шкода Октавија“ е со искршени стакла, а од возилото недостасуваат предмети.

Автомобилот на пријавителот бил паркиран во гаражата на една од зградите кои се наоѓаат на оваа улица. Крадецот го скршил едното стакло на автомобилот и истиот го ограбил. Во гаражата со скршено стакло завршил уште еден автомобил, но од истиот најверојатно не е ништо украдено.

Полицијата во моментов извршува увид и се утврдува што точно е украдено од „Шкодата“.

Слични пријави имало и изминативе дена во околните згради. Најголем дел од кражбите на автомобили се случувале во гаражните простории на зградите.

Од полицијата велат дека се превземаат мерки за пронаоѓање на лицето и целосно расчистување на случајот.

15.11.2014 - 12:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега