Пет Албанки уапсени во тетовски ресторан
При полициска контрола синоќа околу 2 часот по полноќ пет албански државјанки на возраст од триесет и три години беа уапсени во угостителскиот објект „Ловец“ во Тетово.
МВР информираше дека Албанките на диво работеле во „Ловец“ место кое е лоцирано на автопатот Тетово-Гостивар.
Тие се приведени и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
15.11.2014 - 12:33
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа