Марсениќ од Металург во Вардар
Мијајло Марсениќ доби раскин на договорот со Металург и сега е во потрага по нов клуб.
Според информациите кои ги објави специјализираниот интернет сајт за ракомет „Balkan-handball“ српскиот пивотмен ќе остане во Скопје, односно ќе потпише договор со лутиот ривал Вардар.
Како што објави овој портал целата работа би требало да биде завршена во текот на денешниот ден и до потписот остануваат само формалности.
Во преговори за преселба во салата „Јане Сандански“ е и хрватскиот репрезентативец Лука Циндриќ.
15.11.2014 - 15:37
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа