Фудбалер постигна гол, а потоа почина на теренот!

 

Фудбалерот на шпанскиот регионален арагонски клуб Сан Андрес, Раул Алкалде Асенсио ненадејно почина на теренот во текот на натпреварот одигран во Сарагоса.

Дваесетиедногодишниот Асенсио кој во првото полувреме на мечот против Пердигера постигнал гол, во продолжението на мечот ненадејно се срушил на теренот, а лекарите на итната помош можеа само да констатираат смрт.

Челниците од неговиот клуб длабоко биле потресени од трагичниот настан и за тамошните медиуми изјавиле дека фудбалерот никогаш немал здравствени проблеми.

17.11.2014 - 14:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега