Големо невреме ја зафати Албанија: Три лица загинаа во поплави

Три жртви однесе големо невреме кое синоќа ја зафати речиси целата територија на Албанија. Невремето предизвика и материјални штети и недостиг на електрична енергија.

Како што јавува допсникот на МИА надојдената вода на патот кај влезот во градот Лач однела возило во кои патувале татко и ќерка. Загинатиот маж од возилото, каде бил заглавен, го извадиле пожарникари, додека безживотното тело на неговата ќерка било пронајдено утрово на неколку километри од инцидентот.

 

Третата жртва е момче од селото Скурај кај Курбин, кое го однела надојдена река откако се утнал мостот по кој тој минувал со мотоцикл.

Улиците во Тирана, Драч, Скадар и други градови наликуваа на реки, но засега нема информации за други жртви. Повеќе албански министри во текот на ноќта ги псоетија најзагрозените подрачја, а активирани се и сите противпожарни единици, штабовите за справување со природни непогоди и војската.

 

Силното невреме, проследено со обилни дождови, елктронски празнења и силни ветрови, предивика големи бранови на приморјето, поради што беше попречено одвивањето на поморскиот сообраќај.

 

 

Оцени ја веста

19.11.2014 - 11:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега