Министерот за здравство си поднесе оставка поради смрт на бебе

Министерот за здравство на Црна Гора Миодраг Радуновиќ поднесе оставка поради случувањата во Општта болница во Бјело Поље, кога поради инфекција од болницата, итно во Клиничкиот центар биле пренесени пет бебиња, од кои едно починало.

Во изјава доставена до Танјуг, Радуновиќ порачува дека министерот сега е најмалку важен. Потрено е да се воочат грешките и да се казнат сите за кои ќе биде утврдена одговорност – од чистачката во болницата до министерот.

-Верувам дека е јасно дека не може да има директна одговорност кај оној кој не бил информиран за случувањата во Општата болница во Бјело Поље. Но, исто така е јасно дека сум објективно одговорен, бидејќи сум на врвот на здравствениот ланец чиј дел застанал, па дошло до таква состојба при која е можно министерот за здравство да не биде информиран за заразата која со денови беснее во четвртиот најголем град по бројот на жители, вели министерот за здравство на Црна Гора.

Инфекцијата кај петте бебиња, од кои едно починало, настанала по раѓањето. Кај едното бебе е потврден менингитис, кај второт е утврдена сепса, додека за останатите две се уште се чекаат резултати.

 

 

Оцени ја веста

19.11.2014 - 14:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега