Драстично намалување на каматите за станбените кредити во Македонија

„Купи куќа купи стан“ ги намали каматите на кредитите. Најголемите банки во земјава објавија дека каматните стапки за станбените кредити ќе изнесуваат под 3% во првите три години од отплатата на кредитот. Оваа каматна стапка е значително помала од периодот пред почетокот на владиниот проект.

Ако во 2010 година станбените кредити беа со камата над 8% на годишно ниво, со стартот на Купи куќа купи стан во 2012 година тие почнаа да паѓаат.Сега изнесуваат под 3%.

Проектот „Купи куќа купи стан“ не нуди само ниски камати туку и заштеда. Имено, освен каматата од 3,95% за првите три години од отплатата и 4,4% за следните две, проектот нуди и можност Владата да отплаќа половина од ратата или половина од учеството за купување стан и дури 75% од ратата и учеството за купување или градење куќа. Заштедите можат да достигнат до 14.000 евра.

Заради ваквите поволности на Купи куќа купи стан зголемен е и интересот за проектот. Само во последните три недели пристигнале над 50 апликации.

Досега преку „Купи куќа купи стан“, станбеното прашање го решија над 350 семејства, а исплатени се субвенции во висина од 2,5 милиони евра.

 

 

Оцени ја веста

20.11.2014 - 13:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега