Мерките за вработување даваат одлични резултати

Намалување на невработеноста во земјава е главната цел на активните мерки за вработување кои што ги спроведува Агенцијата за вработување. Меркитe даваат позитивни ефекти, а податоците покажуваат дека многу невработени станеле вработени, си отвориле свој сопствен бизнис или пак искористиле некои од многуте мерки согласно Оперативниот план, пишува Лидер.

Самовработување со грант и практиканство се меѓу најатрактивните мерки за невработените

Како најатрактивна мерка е самовработување со грант. За оваа мерка може да аплицира секој невработен кој има идеја за отпочнување свој сопствен бизнис, да изработи бизнис план и да добие грант од 3000 евра. Меѓу најатрактивните мерки е и практиканството, а искуството покажало дека многу млади лица или се вработиле во компанииите или во слични на нив , вели за Лидер директорот на агенцијата за врабтување Влатко Поповски.

-За младите најатрактивна мерка е практиканството. Голем процент од практикантите кои ги пративме во компаниите се вработија во тие компании или во компании со слична дејност. Тука е и субвенционираното вработување, не само за младите туку и постарите, оние што се над 55 години и подзаборавени од општеството да се вработат, со една помош од Агенцијата. Тука е субвенционирање на корисници на постојана социјална поомош, потоа мерката за напредни ИТ вештини. Кредитирањето кое што го имаме од 2008 си дава веќе резултати, се диференцираат вистинските лица кои имаат идеја, доаѓаат кај нас и бараат помош за да им помогнеме да земат од тие средства со поволни услови, а и од оваа година мерката за вработување на млади лица до 29 млади лица си го дава својот резултат, над 4900 се вработија од март досега, вели за Лидер Влатко Поповски, директор на Агенција за вработување.

Во просек мерките се од 60 – 80 % успешни

-Значи буквално секоја мерка во некој правец дава резултати за вработување. Покрај овие дирекни мерки, имаме и под мерки се со цел зголемување на капацитетите не невработените или на конечно вработување или само вработување. Правиме анализа и наскоро ќе излеземе со податоци и бројки, но во во просек секоја мерка дава од 55 до 80 % успешност, вели Поповски

Саемите за вработување – одлична можост за невработените и работодавачите

Од Агенцијата за вработуввање констатирата дека Саемите се одлична можнот на едно место да се сретнат работодавачите и оние кои бараат работа, без разлика дали се тоа невработени лица или пак некои што бараат подобро работно место.

-Големи број на CV – ја беа оставени кај работодавачите. Ние побаравме од нив да ни дадат еден извештај колку од тие CV – ја се позитивни и колку би можеле да бидат идни вработувања и колку ќе бидат повикани на интервјуа, се со цел да добиеме слика дали саемите се успешни и да видиме, дали сте активни баратели на работа, пасивни, оние кои го завршуваат образованието или пак некои кои бараат нова перспектива, вели Поповски.

Се бараат продавачи и обезбедувачи

Пред два дена Агенцијата објави дека има над 4000 слободни работни места. Директорот Поповски вели дека обаа бројка се менува постојано, а како најбарани се продавачи и обезбедувачи.

-Секогаш е различно и зависи од пријавите, но најчесто се бараат продавачи, обезбедувачи, инженери, занаетчии, дали се водоводџии или заварувачи, се бараат луѓе за услужните дејности, ако погледнеме двете најбарани места се продавач, обезбедувач или возач,  вели Поповски.

Интересен податок е тоа што има зголемување на активните баратели на работа, а намлување на пасивните. Како невработени, во Агенцијата за вработување на Република Македонија заклучно со октомври 2014, се евидентирани 120.741 лица, од кои активни баратели на работа се 102.014 лица.

 

 

Оцени ја веста

21.11.2014 - 10:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега