Британски Телеграф: Македонија и Кирибати имаат подобри даночни системи од Британија

Во врска со објавувањето на годишниот извештај за даночните системи на Прајс Вотерхаус Куперс, во соработка со Светската Банка, во кој Македонија се рангираше на високото седмо место, девет позиции пред Британија, лондонски Телеграф објави текст насловен „Македонија и Кирибати имаат подобри даночни системи од Обединетото Кралство".

Во текстот, водечкиот британски весник пишува дека и покрај реформите спроведени од Конзервативната Влада на Дејвид Камерон, како што е кратењето на данокот од 28 на 20 проценти, сепак, извештајот утврдил дека британските компании се уште се притиснати од голем број непотебни регулативи и од бавните даночни реформи. Телеграф му оддава признание на Камерон дека успеал да привлече стотици мултинационални компании во Британија со намалувањето на данокот, но сепак му забележува дека Британија паднала за две места ранг листата на ПВЦ и Светската Банка и сега е на 16 место.

- Со овој пад, сега Британија е зад Македонија и пацифичкиот остров Кирибати, кога ќе се земе предвид конкурентноста на нашите даночни политики. 

Оригиналниот текст можете да го проследите на овој линк:

 

 

Оцени ја веста

21.11.2014 - 17:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега