Гасоводот Јужен поток е од заеднички интерес за Унгарија и Србија

Министрите за надворешни работи на Унгарија и Србија Петер Сирто и Ивица Дачиќ денеска во Белград изјавија дека изградбата на гасоводот Јужен поток е од заеднички интерест за двете земји, пренесува Танјуг. 

- Ние ќе го реализираме проектот, бидејќи сме убедени дека тој значително ќе ја зголеми безбедноста во снабдувањето со гас за Централна Европа, и сметаме дека Јужен поток е од европско значење, изјави Сирто по средбста со српскиот колега. 

Сирто нагласи дека Унгарија го разбира проблемот со Јужен поток, но бара ЕУ и Русија да ги обноват разговорите, со цел инвестицијата да одговара на барањата на ЕУ. 

Дачиќ, истакна дека инфраструктурните инвестиции како Коридорот 10, железничката линија Белград-Будимпешта и гасоводот Јужен поток се од заеднички интерес за Србија и Унгарија. Според него вредноста на градежните работи на српскиот дел од гасоводот ќе изнесува над две милијарди евра, како и дека Србија годишно ќе заработува од тарифите за транзит на гас стотици милиони евра. 

- Затоа ние инсистираме ЕУ да ги третира еднакво сите проекти и да не применува двојни стандарди, кога станува збор за проекти, што се однесуваат на други земји, што не се обврзани да ги исполнуваат условите, кои се поставуваат за Јужен поток, истакна српскиот премиер. 

 

 

Оцени ја веста

21.11.2014 - 19:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега