Израелска инвестиција на повидок во Македонија

 

Секоја недела од одговорните за привлекување на странски инвестиции, премиерот Груевски добива информација за нова заинтересирана компанија.

Голем број инвеститори веќе донесоа одлука во последниве месеци дека својот капитал ќе го вложат во земјава.

Вечерва Груевски откри дека меѓу нив е и една израелска компанија.

-Во минативе две недели, челниците на една израелска компанија два пати дојдоа во Македонија на финални договори. Компанијата сака да отвори кол-центар и веќе почна соравотка во Македонија, а бара и лица за вработување. Кога ќе почнат со работа, за две недели ќе вработат 40 лица, а за три години планираат да вработат до 2000 наши граѓани, рече Груевски.

Заинтересирани и за изградба на спа-центар и дата-центар.

 

 

Оцени ја веста

22.11.2014 - 22:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега