Груевски: Странските инвестиции донесоа 11.000 вработувања - нови 13.000 се во најава
Задоволен сум од странските инвестиции бидејќи досега донесоа 11.000 вработивања. Одлука во последниве месеци дека својот капитал ќе го вложат во земјава донесоа повеќе инвеститори при што планираат нови 13.000 директни вработувања, изјави премиерот Никола Груевски.
- Јас сум презадоволен од интересот и од одлуките што веќе ги донесоа о објавија голем број странски инвеститори. Некаде меѓу јануари и април до изборите, 17 компании донесоа одлука и самите објавија изградба на фабрики во Македонија. Ние сите ги следиме и тие веќе длабоко работат на подготовка на проекти и се што е потребно за да почнат да градат. Се надевам дека меѓу декември и март следната година, најдоцна јуни, најголем дел од нив ќе ги почнат градбите на фабрики. Осум други фабрики донесоа и објавија одлуки после изборите до сега, а уште шест не известија дека донесоа одлука, но дека не се во можност да објават во овој момент и ние тоа го почитуваме. Од оние инвестиции што досега се случија како Џонсон Мети, Кромберг и Шуберт и др. досега имаме 11.000 директни вработувања и уште многу индиректни. Овие сега што се објавени планот е дека ќе донесат нови 13.000 директни вработувања плус индиректни. Индиректните се најмалку 50 отсто повеќе од тоа, а некогаш и дуплирано, зависно од дејноста што ќе ја работат, вели премиерот Груевски во интеврвју за Дневникот на ТВ Сител.
Особено изрази задоволство што групата Веибо, која пред изборите објави дека ќе инвестира во Македонија и во декември треба да почне со градба на фабрики, а најави дека ќе вработи 4.000 лица, ја ревидирала таа бројка и сега планира вработувања на 5.600 луѓе.
Груевски информира дека меѓу компаниите кои донеле одлука за инвестирање во Македонија е и една израелска компанија која сака да отвори кол-центар, заинетерсирани се и за купување на една од постоечките банки, за изградба на рехабилитационен центар во Охрид, и за изградба на спа-центар и дата-центар.
- Во минативе две недели, челниците на една израелска компанија два пати дојдоа во Македонија на финални договори. Донесе одлука за отворање кол-центар и веќе почна соравотка во Македонија, а бара и луѓе за вработување. Кога ќе почнат со работа, за две недели ќе вработат 40 лица, а за три години планираат да вработат до 2000 лица, рече Груевски.
Од последното роуд шоу во САД, посочи дека една компанија изразила заинтересираност за отворање кол-центар во Македонија. Раководството на компанијата за таа цел во јануари најавил посета на Македонија за прецизирање на деталите.
- Кога станува збор за инвестициите крајната цел е отворање нови работни места и намалување на невработеноста. Тоа нам ни се случува. Ние имавме 38 отсто невработеност сега имаме 28 отсто и планираме до крајот на овој мандат таа да дојде до 22 проценти, рече премиерот Никола Груевски.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа