Плаче и раскажува: Не го знаев патот, одеднаш се најдовме во Дунав

Лука Вишњиќ (20), син на новинарката Оља Бечковиќ успеал да излезе од автомобилот, така што со рака го скршил стаклото. Ја скршил и раката. Јовановиќ исто успеал да се спаси, како и Милица Јокиќ (18), која се наоѓала на совозачкото седиште. За жал, Анастасија Стајиќ (16), Немања Антиќ (18), и Милош Јанковиќ (20), која се наоѓал во багажникот, се удавиле во реката.

Многу жалам за тоа што се случи, и незнам како ќе живеам понатаму - изјави низ солзи Душан Јовановиќ (19) на расправата пред Вишото јавно обвинителство во Белград. Тоа е момчето кое го возеше БМВ-то со 5 други неговите пријатели, кое заврши во Дунав и се удавија три млади луѓе.

Надлежниот суд нареди притвор од 30 дена, поради потенцијалното влијание врз сведоците, можноста да се повтори кривичното дело, како и нарушување на јавниот ред и мир.

- Признавам дека сум виновен и сум подготвен да ги поднесам последиците од трагедијата која ја предизвикав - рече на сослушувањето Јовановиќ

- Многу жалам, и не знам како ќе живеам и ќе ја носам на душа смртта на моите пријатели и тоа што возев без дозвола, пишува Вечерње новости делови од неговиот исказ пред истражниот судија.

- Бевме во клуб на Дорќол. Точно е дека сите ние пиевме алкохол, но не е дека сме биле мортус пијани. Не користиме дроги. Се сеќавам дека се напив 3 до 4 ракии, изјавило момчето.

Јовановиќ раскажува дека со друштвото влегле во БМВ-то и тргнале преку Ада Хуја кон ресторанот "Царска охота".

- Возев по Вишњичка улица, свртев на дунаски кеј и патото ми беше непознат. Не ни кочев, одедаш се најдовме во Дунав и тогаш настана целиот хаос- изјавил Јовановиќ.

Лука Вишњиќ (20), син на новинарката Оља Бечковиќ успеал да излезе од автомобилот, така што со рака го скршил стаклото. Ја скршил и раката. Јовановиќ исто успеал да се спаси, како и Милица Јокиќ (18), која се наоѓала на совозачкото седиште. За жал, Анастасија Стајиќ (16), Немања Антиќ (18), и Милош Јанковиќ (20), која се наоѓал во багажникот, се удавиле во реката.

 

 

Оцени ја веста

24.11.2014 - 09:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега