ФОТО: Возачот на БМВ-то во психичка криза- ова се загинатите во трагедијата

Деветнаесетгодишниот Душан Јовановиќ кој управуваше со БМВ-то кое летна во водите на Дунав, при што животот го загубија неговите пријатели 18-годишниот Немања Антиќ, 20-годишниот Милош Јанковиќ и 16-годишната Анастасија Стајиќ, е во тешка психичка состојба.

Тој непрекинато плачел и велел дека не сака да живее.

- Ги убив своите пријатели, како ќе живеам, подобро да умрев заедно со нив, постојано низ солзи извикувал Душан.

Од притворот за српски Курир откриле дека откако е притворен, Душан е во тешка психичка криза.

- Не спие, одбива храна, запаѓа во хистерија и не престанува да плаче. Кога ќе се смири само гледа во една точка и потоа пак почнува да вреска. Свесен е дека тој е одговорен за смрта на неговите пријатели и не може да се помири со тоа, изјавил изворот.

 

 

Оцени ја веста

24.11.2014 - 11:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега