Шефовите на полициите од регионот на средба во Белград

 

 

 

Во Белград денеска ќе се одржи Генералното собрание на Асоцијацијата на шефови на полиции од ЈИЕ (СЕПКЕ), чија цел е соработка во борбата против организираниот криминал.

На отворањето на собирот во Белград ќе се обрати српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ.

Во СЕПКЕ се шефови на полиции на држави од југоисточна Европа, кои заеднички работат на согледување стратешки проблеми со кои се соочуваат државите членки во борбата против криминалот.

Асоцијацијата ја сочинуваат Албанија, Бугарија, Федерацијата БиХ, Република Српска, Молдавија, Романија, Хрватска, Црна Гора и Србија.

 

 

Оцени ја веста

26.11.2014 - 09:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега