Хрватска ја копира Македонија - од 1 јануари отпис на долгови

Хрватска реши да го ископира македонскиот модел за отпис на долгови и да им помогне на социјално- загрозени граѓани.

Хрватскиот министер за финансии Борис Лаловац, најави дека од 1 јануари 2015 година ќе почне отпис на договите на социјално загрозените граѓани и ќе се воведе забрана за иселување од домовите поради неплатени сметки.

Мерките ќе важат за граѓаните кои немаат имот и чии сметки се блокирани повеќе години, не се вработени и живеат од социјална помош.

Се уште нема точни податоци колкав е бројот на лицата кои ќе бидат опфатени со мерките, но се претпоставува дека се околу 60.000. 

 

 

Оцени ја веста

26.11.2014 - 21:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега