Големото апсење на џихадистите во Бугарија може да пропадне

 

 

Според информациите на БНТ обвинителството ќе побара постојан притвор за 7-те обвинети од Пазарџик, меѓу кои е и имамот Ахмед Муса.

Според обвинението, тој раководел група за ширење на идеите на “Исламска држава”. Уапсениот сепак може да се извлече од притвор поради недостаток на доволно докази против него. Тоа го тврдат добро упатени  со специјалната акција во Пазарџик и уште неколку градови во земјата.

Причината е што агентите избрзале со операцијата и не ги собрале потребните докази , кои би ги компромитирале Муса и неговите луѓе.

Главниот обвинител Сотир Цацаров  и шефот на ДАНС Владимир Писанчев признале  дека биле против избрзани акции и долга реализација, но тимот на истражувачи ги убедил дека треба да се дејствува веднаш.

Од обвинителството најавија дека освен со запленетите материјали располагаат и со 30 сведоци, дел кои потврдуваат дека Муса повикувал кон џихад за време на своите проповеди.

Освен тоа друга голема пречка пред обвинението е поврзана со здравствената состојба на Муса. Тој упорно тврдел дека е шизофреничар.

Ако психијатриска болест се утврди со медицинска експертиза, обвиненијата против него пропаѓаат.

 

 

Оцени ја веста

28.11.2014 - 11:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега