Постои можност американското невреме да го погоди Балканот

 

Се прогнозира дека голем снег проследен со обилни дождови ќе ја зафати Европа особено Средоземјето и Балканот.

Ова е прогнозата која е објавена на страницата Временска прогноза за Хрватска и БиХ, чии метеоролози станаа познати откако неколку дена пред катастрофалните поплави, единственo тие предупредија на она што се подготвува.

– Гадно се лажат оние кои мислат дека американското сценарио оваа зима не е можно во Европа. Кога времето е во прашање ништо не е невозможно. Дали ќе го погоди баш нашиот регион зависи од типот на влошувањето, се наведува на страницата, која претходно навела дека може да се очекува зима со поголеми врнежи, но со нешто повисока просечна температура.

– Во Србија, Македонија утрата ќе бидат ладни и магловити. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер, наведуваат метеоролозите.

 

 

Оцени ја веста

28.11.2014 - 14:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега