Жените знаат да одберат кола: Овој Мерцедес е женски автомобил на годината

Според оцените на автомобилските експертки од пет континенти, класата S на Mercedes е најдобар автомобил во светот за 2014 година, пишуа Аутомедиа.

Дваесет новинарки за автомобилизам од 15 земји, во рамките на „Женски автомобил на годината во светот“ којшто се организира во Нов Зеланд ги избираа најдобрите новитети за оваа година. Експертките не ги оценуваат само дизајнот, техниката, комфорт и слични критериуми, туку и аспекти како возбудливост, сексапилност и противвредност.

Автомобилите на гласањето беа поделени во шест категории. Експертките беа едногласни при изборот на автомобилот на годината во луксузната класа и за победник ја избраа класата S на Mercedes. Поради тоа што луксузната лимузина со сребрена ѕвезда освои најмногу бодови меѓу сите победници во одделните категории, таа е одликувана со „Врвна награда“. Со тоа, класата Ѕ на Mercedes ја понесе титулата на „Женски автомобил на годината во светот за 2014 година“.

 

 

Оцени ја веста

01.12.2014 - 22:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега