ВИДЕО/ФОТО: Американците никогаш не слетале на Месечината се е изрежирано?!

Голем број на луѓе и понатаму не веруваат дека човекот слетал на Месечината односно за тоа постојат голем број на „докази“, а најчесто се споемнуваат фотографските недостатоци и сомнителното светло.

Теоријата на завери отсекогаш ги интересирале и фасцинирале луѓето. Сигурно сте слушнале неколку верзии, за убиството на Кенеди за слетувањето на Месечината кое е изрежирано во студио, или дека Елвис е жив, а Хитлер не умрел во 1945 година во берлинскиот бункер. За вас издвоивме неколку најпознати и најинтересни теории на завери кои теоретичарите ги изработиле во детали така што ќе се посомневате во она што до сега сте верувале.

На фотографиите на Месечината никаде не се гледаат ѕвезди

Ова е детаљ кој теоретичарите на завери често го користат и го наведуваат во своите тези. Никаде нема звеѕди и се зад астронаутите изгледа црно. Се поставуваат прашања дали би требало да се гледаат милиони ѕвезди, ако Месечината нема атмосфера? Често како аргумент за црнилото се наведува дека НАСА тешко би можела да го мапира местото на секоја ѕвезда односно намерно да ја остави позадината црна, а како опција да понуди лош квалитет на фотографии кои ги испрала.

Но овој аргумент ја побива природата на фотогорафиите. Светлоста која доаѓа од Сонцето е пресилна за да камерите ја снимат светлоста на ѕвездите во далечина, а и самите да сте на Месечината тешко дека би виделе многу ѕвезди. Светлосното загадување е прична поради која во градовите тешко гледаме многу ѕвезди.

Од каде на Месечината се појави буквата C?

На една од фотките со Месецот се гледа како да е напишана буквата C. Теоретичарите на завери го земаат тоа во прилог на своите теории дека се работи за сценографија која останала криво наместена односно, ознаката можела да се види на камерата. Буквата изгледа прилично правилно, па не го признаваат објаснувањето дека би можело да се работи за природна појава.

НАСА објаснила дека би можело да се работи за дланка или нешто што упаднало за време на развивањето на филмот, но не е можно да се работи за подвала каде некој на оригиналната фотка ја додава буквата. Така буквата не се гледа на оригиналните фотографии.

Како тоа сенките на Месечината имаат различна далечина?

На месецот Сонцето е единствен извор на светлост и би било логично да сите сенки се паралелно, но зошто на сликите некои сенки паѓаат во различни правци, се прашуваат голем број на заговорници на теории за лажираната мисија. Од тоа може да се заклучи дека околу астронаутите имало поголем извор на светло. Што би значело дека тој сет откао се снимиле не ја приметиле оваа недоследност.

Научниците ова го објаснуваат со тоа што велат дека теренот бил нерамен, па оттука нормално е да имаме различни сенки. Доколку видеото било снимено под рефлектори тогаш би имало и повеќе сенки, што би изгледало отприлика како во видеото објавено во филмотна С.Г. Колинс.

Знамето на Месечината се вее

Астронаутите Армстронг и Алдрин може да се видат на снимата на слетувањето на Месечината како го поставуваат американското знаме. Но тоа на видеото изгледа како да се вее, што не е можно доколку нема атмосфера и воздух кој знамето би го држело исправено.

Теоричарите на завери безброј пати ги оспорија бројните експерти. НАСА објаснила дека знамето било подготвено во уба, па откако го извлекле настанал ефект на виорење. Па на самото поставување, астронаутите самите го затресле. Тоа е специјално направено за Месечината, а низ горниот дел поминува жица за да изгледа како да го носи ветер. Без тоа би паднало како и секое друго знаме на тлото без ветер.

Астронаутите потскокнувале поврзани со жици и сето тоа било пуштено во забавена снимка

Некои се уверени дека астронаутите се снимени како потскокнуваат во студијото додека биле на тенки жици, а дека НАСА го забавила видеото за да се добие впечаток дека потскокнуваат низ вакум. Дури имало и случаи да луѓето се обидуваат да ги повторат сличните снимки.

Научниците имаат и свој одговор, кој се затскрива во прашина. Да го снимале видеото на Земјата, прашината би се собрала во облак и не би паднала на дно. Да овој дел бил лажиран, цеото студио би требало да биде во вакум, што и денеска би било тешко изводливо. Успорената снимка би била тешка задача да се изведе, особено поради проблемите на филмот и тогашната достапна технологија за обработка на видеото.

Каде е ударниот кратер?

Да НАСА на Месечината навистина слетала со модел, околу него треба да има кружен кратер како трага, но на фотките не се гледа, туку изгледа како моделот да е нежно поставен. Како Месечината  е полна со ситна прашина, па и таа би требало да остави некоја трага.

И оваа теорија на завера има некое објаснување. Кратерот не би требало ни да се очекува затоа што е потребно многу помал потисок за слетување, отколку што е потребно на Земјата. Модулот не забавувал со некоја особена сила, така што моторот требало да ја поддржи само тежината на модулот, која била уште помала поради гравитацијата на Месечината.

Бранот на Аленови ремени на зрачење

На патот до Месечината астронаутите морале да минат низ Ван Аленовите ремени на зрачење, кои содржат набиени енергетски честици кои ја опкружуваат Земјата, а ги држи магнетското поле на Земјата. Имаме внатрешни и надворешни бранови и секогаш се на истото место. Астронаутите во мисиите Аполо се првите луѓе кои го минаа ваквиот појас, а теоретичарите на завери велат дека тоа зрачење е толку силно што би ги убило.

Но, леталото низ тој простор минал за неколку минути, а надвор од истиот за час и половина, а астронаутите биле заштитени со алуминиумски оддела.

Самото пат е одбран како би се намалило влијанието на зрачење, а поврзно со истото се и теориите дека филмските материјали би се уништиле, но целиот тој материјал бил во метални контејнери кои ги штителе лентите.

НАСА користела иста позадина на различни фотографии

Фотографиите од мисијата Аполо 15 изгледаат како да имаат различна позадина, иако НАСА наведува дека ги снимила од далечина од повеќе километри, а теоретичарите лесно би поверувале дека НАСА едноставно користела ист материјал за различни сцени. Но, објаснувањето е дека позадината можело и да не биде идентична туку слична. Она што изгледа како две брда, во близина бо можело да бидат планини оддалечени со километри. На земјата на нас таквите предмети ни се гледаат слабо видливи, но на Месечината нема атмосфера или магла која би ги отстранила таквите оддалечени објекти. Поради тоа ќе изгледаат чисто и во близина, а недостигаат и дополнителни фактори, како дрва кои би можеле да помогнат во оддалеченоста.

Како ознаките се појавиле на предметите?

Астронаутите во текот на фотографирањето на своите фотоапарати имале кружни ознаки кои им помогнале во прецизирањето на фотографирањето, и поради тоа се гледаат на фотографиите. Но, очигледно е дека на некои фотографии, ваквите ознаки зад предметите кои се снимаат, теоретичарите на завери веруваат дека истите фотки се обработувани. Велат дека НАСА преку реалните фотографии на Месечината уфрлувала човечки предемти и опрема. Но зар не би било логично тогаш воопшто да ги немаат ваквите ознаки и да го избегнат сомнежот?

Дополнително објаснување е тоа што на оригиналите ваквите ознаки се гледаат исправено, а зад предметите се појавуваат само на скенираните фотки и копии, а на некои фотки ознаките чудно ротираат поради тоа што фотографиите се чудно ротирани.

 

Теоретичарите на завери се сомневаат во високиот квалите на фотографии, но работата е во тоа што астронаутите снимиле огромен број на фотки, а објавени се само најдобрите кои се снимени со Hasselbland 500 EL камерите.

 

 

Оцени ја веста

02.12.2014 - 13:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега