ФОТО: Бугарија под вода

Две реки се излеаја од своите корита во реонот на градот Димитовград во јужниот дел на Бугарија.

Поради поплавите затворен за сообраќај е и граничниот премин „Капитан Андреево“ на бугарско-турската граница.

Локалните власти во Димитровград соопштија дека во текот на минатата ноќ се излеале реките Мартинка и Меричлерска Прељаха, при што се поплавени призените катови и подрумите во делови на градот и во местото Меричлери. 

Во соопштението се посочува дека засега нема евакуирани во поплавените подрачја и дека нема опасност по животите на луѓето.

Бугарската царинска управа соопшти дека поради поплавите од ноќеска околу полноќ по локално време (23 часот по средноевропско време) за сообраќај за лесни и тешки возила времено е затворен граничниот премин „Капитан Андреево“. 

Царината информира дека возилата за минување на границата меѓу Бугарија и Турција се пренасочуваат кон локалниот граничен премин „Лесово“. 

 

 

Оцени ја веста

04.12.2014 - 09:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега