Крупни проекти во патната инфраструктура идната година
Приоритет во патната инфраструктура во Р.Македонија е продолжување на изградбата на трите автопатишта во Р.Македонија, почеток на изградба на втората делница кон Бугарија, како и објавување на консесија на делницата од Гостивар до Кичево. Тоа се крупните проекти на коридорите на кои ќе дадеме фокус наредната година.
Ова го истакна министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, пред почетокот на 10-та министерска конференција на ЈИЕ, под покровителство на СЕЕТО.
Во јануари, нагласи, ќе биде објавен и јавен повики за ангажирање на градежна компанија за изградбата на втората делница кон Бугарија. А за втората делница од Коридорот 8 од Бељаковце до Крива Паланка деновиве ќе биде потпишан и официјален договор до ЕБРД.
- Ние како министерство добивме околу 112 милиони евра, предложивме како Влада балансиран пристап, половина средства да се искористат во делот на железницата, односно последниот дел од пругата кон Бугарија од Крива Паланка до границата. Остатокот ќе се искористат за делницата Градско-Прилеп и за рехабилитација на делови од Коридорот 10, но исто така ќе има средства за урбан транспорт и за подобрување на безбедноста во делот на патниот сообраќај, посочи Јанакиески.
Министерството за транспорт и врски, како што нагласи тој, е едно од најуспешните министерства во користење на ИПА средства од претходната програма.
На конференцијата, како што нагласи тој, ќе се дискутира за прогресот што го имаат направено земјите во делот на изградба на коридорите и во делот на патната и во делот на железничката инфраструктура, како и за регионални преокти.
- Во делот на транспортот за 2015 година се комплетира набавката во рамките на проектот за обнова на возниот парк. До крајот на јануари или почетокот на февруари ги добиваме сите 150 товарни вагони – двата типа Е и С. Додека со почетокот на летото кон крајот на јули или почетокот на август стигнува првиот патнички воз и во текот на наредните месеци ќе се комплетира целата набавка и до крајот на 2015 треба да ги добиеме комплетно шесте гарнитури на патнички возови, изјави директорот на "Македонски железници - Транспорт", Оливер Деркоски.
Според Јанакиески оваа министерска конференција е одлична можност да се разменат искуства меѓу земјите во регионот во дeлот на изградбата на патиштата.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа