УЈП контроли : 26% од компаниите не издале фискални сметки

 

Управата за јавни приходи од почетокот на годината има спроведено 3982 даночни контроли за фискализацијата, информираат за Лидер од надлежната институција. Во поголем дел од случаите или 2808, УЈП нема констатирано неправилности во финансиското работење на даночните обврзници, додека кај 26 проценти од контролираните фирми утврдено е дека не го регистрираат готовинскиот промет во целост, односно не издавале фискални сметки.

Во зависност од утврдените неправилности, УЈП има изречено глоба за сторен прекршок и мерка времена забрана за вршење на дејност. Висината на глобата се движи од 750 до 3250 евра, во зависност од тоа дали станува збор за правно лице или физичко лице, информираат за Лидер од Управата за јавни приходи.

Во рамките на контролите, УЈП има откриено и 119 лица кои нерегистрирано вршеле дејност, поради што истите биле едуцирани и повикани доброволно да се регистрираат или службено биле регистрирани од УЈП.

Продолжуваат заедничките контроли на УЈП, МВР и Државниот пазарен инспекторат

Редовните инспекциски контроли на МВР, УЈП и Државниот пазарен инспекторат продолжуваат. Од 4 до 12 ноември, од 150 контролирани објекти, во 58 Управата за јавни приходи утврди неправилности во делот на фискализацијата.

Контролите се спроведуваат на целата територија на Македонија и се насочени пред се кон ризични обврзници кај кои постојат сознанија дека не се почитува законот за пушење, не се почитува работното време и не се регистрира готовинскиот промет, велат од УЈП.

УЈП го следи и текот на фискализацијата.

Интерес постои кај компаниите во законските рокови да ја запазат обврската, но повторно се соочуваме со нашиот менталитет – обврските да се исполнуваат пред истекот на рокот. Во постојан контакт сме и со производителите во однос на податоците кои компании ја отпочнале постапката за фискализација и во која фаза се – имаат договор, профактура, имаат платено, ја чекаат новата фискална каса…,а бројката на обврзници и ГПРС каси за кои е заокружена постапката на регистрација ја добиваме во реално време преку новиот систем на УЈП.

 

 

Оцени ја веста

05.12.2014 - 09:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега