Ставрески ќе потпише договори со Европската банка за обнова и развој
Договори со Европската банка за финансирање на изградбата на железничката делница Бељаковце-Крива Паланка и на експресни патишта и автопат со Програмата за национални патишта, проекти со вкупна вредност од 305 милиони евра, ќе биде потпишан денеска во Скопје од страна на вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески. Ќе присуствуваат и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и директорите на ЈП Државни патишта и ЈП Железници - Инфраструктура Љупчо Георгиевски и Ирфан Асани.
Со задолжување од 145 милиони евра треба да се се овозможи изградба на железничката делница Бељаковце – Крива Паланка во должина од 34 километри, втор дел од пругата за железничко поврзување на Македонија со Бугарија на Коридорот 8.
Со Договорот за заем од ЕБОР за финансирање на Програмата за национални патишта се обезбедуваат 160 милиони евра. Реализацијата на Програмата ќе се одвива преку две транши, во износ од 74 милиони евра и од 86 милиони евра. Првата транша треба да овозможи изградба на првата фаза од експресниот пат Прилеп-Градско, реконструкција на патниот правец Штип-Кочани на ниво на експресен пат, а втората транша за изградба на експресен пат Охрид-Пештани и автопат Струга – Требеништа.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа