30 новокотирани компании од денеска ќе тргуваат на Македонската берза

 

 

Денеска во Македонската берза ќе биде означен првиот ден на тргување на берзата со првите 30 новокотирани акционерски друштва кои ги исполнија условите за котација.

На презентацијата на проектот за задолжителна котација ќе присуствуваат  заменик-претседателот на Владата и министер за финансии Зоран Ставрески и претседателот на Комисијата за хартии од вредност Елизабета Чингаровска.

Со новокотираните акционерски друштва, вкупниот број друштва што котираат на Македонската берза АД Скопје од 32 се зголемува на 62 компании. Со тоа значајно ќе се подобри транспаретноста во нивното работење поради што може да се очекува да се прошири изборот на потенцијалните инвеститори на македонскиот пазар на хартии од вредност за вложување во финансиските инструменти коишто се тргуваат на берзата, се наведува во соопштението од Македонската берза.

најчитано сега