Секој Македонец во банка има 1560 евра
Падот на каматите на кредитите не го дестимулира штедењето, но го направи понеисплатливо. Најисплатливо е орочувањето во денари, анализира Дојче Веле
Поевтинувањето на кредитите не ги демотивира граѓаните да штедат во банките, иако каматите стануваат се` понеповолни. Депозитите во банките се во пораст и се зголемуваат паралелно со динамиката на кредитирање, но каматите на штедните влогови се намалени. Според последните податоци на Народната банка, вкупните штедни влогови на населението и фирмите за 10 месеци се зголемиле за 265 милиони евра, односно на вкупно 4 милијарди и 487 милиони евра, што е пораст од 6,3%. Само домаќинствата на сметки во банка чуваат 3,2 милијарди евра, или секој Македонец по околу 1560 евра. Анализите покажуваат дека 1,7 милијарди од вкупните депозити се во денари, а останатите во странска валута. Во зависност од понудите на деловните банки, каматите за денарското орочено штедење се до 4,7%, а во евра до 2,7% што претставува мал пад во споредба со истиот период лани. Ваквите движења, според Народната банка, се сигнал дека нема простор за натамошно намалување на каматите:
Целата анализа прочитајте ја на Дојче Веле
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа