За сите кои сакаат да работат во Германија: Како се вади „сина карта“ која ви овозможува легална работа

 

Ако имате конкретна понуда за работа во Германија, можете да добиете т.н. „Сина карта на Европската Унија“.
Станува збор за комбинирана дозвола за работа и престој во некоја од земјите од Европската Унија.

Како се стекнува овој документ?

Сината карта им се доделува на оние странци кои ќе имаат договор за бруто плата од најмалку 46.400 евра годишно.
Начелно тоа е дозвола која ја добиваат работниците од сите пофесии и занимања, но практично, речиси ниту еден експерт од областа на општествените науки не добил ваков документ до сега. Во Германија, веќе е формирана цела група на занимања која се наекува МИНТ. Во неа влегуваат математичари,информатичари, експерти за природни науки и техника. Оваа група во Германија е во предност пред сите останати професии. За нив, оваа земја доделува сина карта и со брутоа плата од 36.912 евра годишно.

Виза за барање работа

Поради недостаток на работен кадар, Геранија воведе и нова виза „за барање работа“
Овој документ трае 6 месеци. Ако во овој период успеете да најдете работа која ќе ви обезбеди солидни примања што е доказ дека можете сами да се издржувате, тогаш ќе добиете сина карта.
Ваквиот документ се издава во дипломатскит и конзуларни петставништва на Германија низ светот. 

 

 

Оцени ја веста

08.12.2014 - 22:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега