Полнети компири
Потребни состојки:
8 компири
1 лажица павлака
100 гр. маргарин
100 гр. брокула
50 гр. сланина
100 гр. кашкавал
2 јајца
Зелена пиперка
Припрема:
Компирите убаво измијте ги и исечете и на половинки. Во добро намачкано тавче ставете ги да се печат во рерна. По 15тина минути, извадете ги од рерна и оставете ги малку да се оладат.
Направете хомогена смеса од павлаката, маргаринот, кашкавалот и јајцата. Издлабете ги компирите, па наполнете ги најпрво со сецкани брокули, па со приготвената смеса. Оставете да се печат во рерна уште 20тина минути. Потоа извадете го тавчето од рерна и врз секој компир додадете малку сецкана сланина и вратете го тавчето да се допечат компирите, уште 10тина минути.
Ставете ги полнетите компири на чинија за сервирање и врз секој компир додадете малку ситно сецкана зелена пиперка.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа